Америка згрозена, Трамп си го додаде името на Кенеди центарот


Центарот „Кенеди“ веќе почна да го става името на Доналд Трамп на зградата, иако се уште нема одобрение од Конгресот. Ова уследи откако  Белата куќа објави дека одборот на Центарот „Џон Ф. Кенеди“ едногласно го одобрил преименувањето во Центар Трамп-Кенеди.

Одлуката му оддава почит на Трамп во обезбедувањето финансирање од над 250 милиони долари и подобрувањето на работењето во услови на минати финансиски проблеми. Правните прашања остануваат, бидејќи федерален закон го одредува оригиналното име. 

„Само што ме информираа дека високо почитуваниот Управен одбор на Центарот „Кенеди“, составен од некои од најуспешните луѓе од сите делови на светот, едногласно гласаше за преименување на Центарот „Кенеди“ во Центар „Трамп-Кенеди“, поради неверојатната работа што претседателот Трамп ја направи во текот на изминатата година за спасување на зградата. Не само од гледна точка на нејзината реконструкција, туку и од финансиска гледна точка и на нејзиниот углед.

Честитки до претседателот Доналд Џ. Трамп, а исто така и до претседателот Кенеди, бидејќи ова ќе биде навистина одличен тим долго во иднина! Зградата несомнено ќе достигне нови нивоа на успех и величина’, порача Каролин Левит, портпаролка на Трамп. 

Одлуката предизвика гнев во семејствотои на Кенеди. 

„Центарот Кенеди е именуван по мојот чичко, претседателот Џон Ф. Кенеди. Именуван е во негова чест. Тој беше човек кој се интересираше за уметноста, за културата, за образованието, јазикот, историјата. Тој ги донесе уметностите во Белата куќа, а тој и мојата тетка Џеки ги засилија уметностите, ги славеа уметностите, се залагаа за уметноста и уметниците.

Несфатливо е како овој актуелен претседател се обиде да го преименува овој голем споменик посветен на претседателот Кенеди. Неверојатно е што омислил дека додавањето на неговото име пред името на претседателот Кенеди е прифатливо. Не е. Следното нешто што можеби ќе го направи е да го преименува аеродромот ЏФК, да го преименува споменикот Линколн во споменик Трамп Линколн, споменик Трамп Џеферсон. Смитсонијан Трамп… Листата продолжува.

Не можеме ли да видиме што се случува овде? Ајде, мои сограѓани Американци! Разбудете се! Ова не е достоинствено. Ова не е смешно. Ова е далеку под угледот на работата. Тоа е навистина чудно. Тоа е опсесивно на чуден начин. Токму кога мислите дека некој не може да се спушти пониско, тие паѓаат надолу…“, напиша внука на Кенеди, Марија Шривер.

 

Потегот предизвика бројни реакции во јавноста во САД.

„Можеби одборот не е свесен дека Центарот Кенеди е споменик на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џон Ф. Кенеди. Дали би го преименувале споменикот на Линколн? Споменикот на Џеферсон? Тоа би било навреда за големите претседатели. И ова е навреда за голем претседател“, беше една реакција на Х.

„И покрај нивната кратковида акција, тој е и ќе остане Центар за сценски уметности Џон Ф. Кенеди“, наоиуша друг. 

Членката на одборот, пратеничката Џојс Бити, пак изјави дека не е вистина тврдењето на Левит дека имало едногласна одлука за преименување на Центарот Кенеди. Тоа, според неа,  е лага бидејќи секој пат кога таа и другите се обидувале да зборуваат и да гласаат за промена на името, веднаш биле замолчени.

„Преименувањето на Центарот Кенеди во Трамп би било светогрдие. ЏФК беше маченички, историски претседател на САД чие име е синоним за уметничка извонредност во Америка. Идејата дека Трамп би го ставил своето име ПРЕД името на Кенеди – или дури и покрај него – е непристојна. Центарот Кенеди никогаш не треба да се преименува, беше друга реакција на Х.

„Нелегално е да се промени името на Центарот Кенеди. Нелегално е да се бомбардираат рибари на Карибите. Нелегално е да се заработуваат милијарди за себе додека сте претседател. И што правите во врска со тоа, Конгрес?Одговор: само му дозволувате“, беше следната реакција. Еден пак Американец само напиша дека едвај го чека денот кога името на Трамп неизбежно ќе биде симнато од кенеди центарот, иако ќе треба да почекаат, нешто што историјата го покажа во многу земји и низ многу децении околу тие што самите си градат мит за сопствената големина и заслуга.