Америка ја губи тркaта во вселената – Русија и Кина ѝ дишат во врат
Лидерството на САД во вселенската сфера е разнишано, додека Русија и Кина сè повеќе ѝ дишат во врат во таа трка, пишуваат медиумите.
„Соединетите Американски Држави толку долго доминираа во комерцијалната вселенска индустрија што многу Американци ја земаат здраво за готово“, се наведува во текстот.
Сепак, според медиумите, Соединетите Американски Држави почнуваат да ја губат својата водечка позиција во областа на вселенските технологии, што би можело да има „застрашувачки последици за националната безбедност“.
Во овој контекст, весникот истакнува два фактора – побрзото од очекуваното распоредување на руската сателитска констелација „Расвет“ и успешното лансирање на кинеската ракета „Џуџуе-3“ со повратна фаза. Двете програми претставуваат конкуренција за американските компании SpaceX и Blue Origin.
Медиумите известуваат дека зачувувањето на американското лидерство е неопходно за да се „избегнат идни конфликти“ во вселената.
Затоа медиумите го поздравуваат планот на претседателот Доналд Трамп да го зголеми бројот на орбитални лансирања на најмалку 1.000 годишно.
Во него се предупредува дека можностите на САД ќе бидат ограничени од застарената инфраструктура, објавува „Спутник“.
„Овие ограничувања не можат да се заобиколат со претседателски декрети. Потребно е финансирање од Конгресот“, се вели во текстот, додавајќи дека е потребно и намалување на бирократијата во вселенската индустрија.