Амбасадорите на ЕУ денеска ги разгледуваат нацрт-заклучоците за проширувањето


Дипломатите во Брисел јавуваат дека денеска амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ја разгледуваат драфт верзијата за проширувањето за која треба да разговараат министрите за надворешни и европски работи идната недела. Според пишувањето на „Политико“ амбасадорите чекаат да видат дали Бугарија ќе ја преиспита одлуката за „целосно самоизолирање“, како што објаснил еден дипломат за брислескиот весник. Амабсадорите ќе  разговараат и за Турција, што значи дека нивната средба е во контекст на подготовките на самитот идната недела.

Бугарскиот претседател Румен Радев минатата недела изјави дека ЕУ не прифатила историските барања на Софија да влезат во преговарачката рамка. 

Интервјуто на бугарскиот премиер Бојко Борисов имаше за „Франкфуретр алгемајне цајтунг“ имаше голем одглас и во Брисел и во најважните земји-членки на Уннијата. Освен приказните за Мата Хари, златните прачки, пиштолот и банкнотите од по 500 евра, европските медиуми ги пренесуваат и неговите толкувања зошто Софија уште го блокира отворањето на пристапните преговори со Македонија. „Моите политички противници ќе ме обвинат за продажба на бугарската историја“ ако не одговорел на „одредени потрешни презентации“.