Алтернатива го одложува Централното претседателство поради несреќата во Бугарија


Во знак на солидарност со жртвите од трагедијата во Бугарија и нивните
семејства, седницата на Централното претседателство на Алтернатива се
одлужува за наредните денови, информираа од партијата.

„Притоа Алтернaтивa им изразува топли и искрени сочуства на семејствата
на загинатите, а на повредените им пожелува брзо враќање  во нивните
домови“, додаваат од таму.

Централното претседателство на Алтернатива што требаше да се одржи вечерва, требаше да реши дали ќе продолжат разговорите со премиерот Зоран Заев за зголемување на мнозинството во Собранието или ќе останат во опозиција. СДСМ, пак, на седници на Централниот и на Извршниот одбор, според најавите, денеска требаше да расправа за оставките на Заев од партиската и од премиерската функција, по што требаше да почне постапката за избор на нов партиски лидер.