Алтернатива го нарече Пендаровски „албанофоб“


 

Опозициската Алтернатива го обвини претседателот Стево Пендаровски за „албанофобија“ по неговата реакција за инцидентот со картата на „Голема Албанија“ за време на собирот во тетово со косовскиот премиер Албин Курти.

„Ако има некој Македонец кој верува дека Албанците некогаш некаде ќе ја отпеат ‘Денес над Македонија се раѓа’, тој има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста, бидејќи – додека оваа држава не ја разбира мултиетничката реалност – туку инсистира на моноетнички македонски државни симболи, тоа никогаш нема да се случи.
Што се однесува до загриженоста на претседателот Пендаровски, мора да истакнеме дека тој со оваа реакција, напаѓајќи го Албин Курти, се чини дека ù се додворува на ДУИ за да го поддржи и за уште една кандидатура. Освен тоа, се чини, тој сака да им покаже на Апасиев и на албанофобните македонски националисти дека е лојален кон нив и тој преку оваа реакција како да сакаше да му докаже и на Александар Вучиќ дека е подготвен да го повторува својот рефрен секогаш кога тој ќе искаже антиалбански пораки“, велат од Алтернатива.