Алтернатива до Мицкоски: Не не злоупотребувај, не излегуваме од Влада за твој ќеиф

Алтернатива бара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, христиојан Мицкоски , да не ја употребува во својата кампања против власта.
-Баранме од господинот Мицкоски да не ја злоупотребува Алтернатива во неговите дневно политички пресметки со СДСМ. Ниту пред 12 месеци влеговме, ниту пак сега излегуваме од актуелното владејачко мнозинство за да му расипуваме или правиме нему ќеиф.
Алтернатива ниту била, ниту е, ниту ќе биде спасител за нечиј криминал. Ние сме единствената партија која од позиција на учесник во власта предложи уставен механизам за справување со политичка корупција. Би било добро ВМРО-ДПМНЕ да го соопшти својот став за предлогот на Алтернатива, порачаа од оваа партија.
Мицкоски вчера изјави дека токму Алтернатива и нејзиниот лидер Африм Гаши биле тие кои на крајот на 2021 година ја спасиле владата на СДСМ и ДУИ, овозможувајќи ѝ да ги продолжи криминалните дејствија, а сега, како што вели, истите тие ја бркаат од владата буквално со клоци.
„Тоа само говори колкав е моралниот и човечкиот капацитет на овие луѓе. Ќе потсетам дека по ноемвриските настани во 2021 година, Африм Гаши и Алтернатива беа тие кои ја спасија владата на ДУИ, поддржана од СДС. Сега Ковачевски и Артан Груби одлучија буквално со клоци да ги исфрлат луѓето од Алтернатива кои го продолжија овој криминален политички неморал на владата на ДУИ, поддржана од СДСМ“,
рече Мицкоски.