Алкараз: Дојдов да го освојам Вимблдон


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со најголеми амбиции го пречекува Вимблдон.
Алкараз минатата сезона ја освои титулата во Лондон, а истата цел ја има и годинава.

„Тука сум да го добијам истиот резултат како минатата година“, рече Алкараз, додавајќи:

„Посебно е чувството да се вратиш на Вимблдон, малку поспецијално како бранител на титулата, но се трудам да не размислувам премногу за тоа. Морам да бидам фокусиран секој ден, на секој тренинг.

Алкараз пролетва се бореше со повреда на подлактицата, но сето тоа е зад него.
Се чувствувам како да немам повреда на раката, играм и тренирам нормално. Завршивме одлична работа“, изјави Карлитос.

Прв противник ќе биде Марк Лајал, 262. играч во светот.