Алкалоид ќе се бори за трофејот во ЕХФ купот

Алкалоид го оствари најголемиот успех во клупската историја со пласманот во финалето во ЕХФ Европскиот куп. Против Рунар, Алкалоид ја доби пенал драмата откако реваншот во 60 минути заврши со 34:29 за норвешкиот тим. Со иста разлика Алкалоид победи во Скопје пред една недела.
Еден од хероите на Алкалоид секако е голманот Иван Галевски, во последните секунди од натпреварот со брилијантна интервенција го одбрани голот и спречи елиминација на Алкалоид.
Алкалоид во финалето ќе игра против грчки АЕК. Финалните натпревари ќе се играат на 17/18 мај и 24/25 мај.