Алкалоид го одржа последниот тренинг пред дуелот со АЕК


Ракометниот клуб Алкалоид го одржа последниот тренинг пред заминувањето за Грција каде ќе го игра првиот финален меч во Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК од Атина.

На тренингот бил присутен и Генералниот директор/Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, кој го поздравил тимот, а на играчите им посакал среќа и успех и им порачал дека верува во нивните квалитети за позитивен резултат, пред реваншот за трофеј во Скопје.

Играчите и стручниот штаб му се заблагодарија за поддршката и ветија максимална борба, за нов европски клупски успех, соопштија од клубот.  

Првиот финален натпревар меѓу АЕК Атина и РК Алкалоид се игра на 18 мај (недела) од 18:00 часот.