Алиу во посета на Психијатриската болница „Скопје“: Условите – „здрав да појдеш, ќе побудалиш“

Од објавените фотографии, направени при посетата на министерот, се гледа зграда со распаднати , испукани ѕидови, уништени врати и прозорци, ичкртани ѕидови.

Инвентарот е дотраен, креветите за пациентите, дел се релативно нови, а другите полоши од оние во затворите од старите филмови. Плакарите се искршени, прозорците неизмиени, а дворот запустен.

На фотографиите се забележува дека собите за пациенти со неколку кревети, се со бетонски под кој речиси целосно е изронет и со големи дупки, а влезните врати целосно исчкртани.

Очајната состојба на психијатриската болница најсликовито ја покажуваат санитарните простории и тоалетите, во кои воопшто нема врати, а ѕидовите се со мувла и нечистотија. Нема ни чешми за одржување на личната хигиена.

Сериозното лице на министерот го одразува очајот на институцијата.