Алијансата за Албанците го скрои списокот за директори

Алијанса за Албанците го направи изборот на директори на институции коишто ќе му ги предложи на премиерот Димитар Ковачевски. За директор на МЕПСО ќе биде предложен пратеникот Сурија Рашиди, а за Македонски пошти советничката на Град Скопје Бујаре Абази.
Со Фондот за пензиско предложен е да раководи Арсим Хасани, додека на директорската позиција во Тетовската болница доаѓа Плумб Вела.
За директори на клиниките за неврологија, онкологија, дерматологија, гинекологија и офтамологија за предложени се Висар Мифтари, Халид Матоши, Генц Селмани, Јетон Шаќири и Беким Татеши.
За директор на клиниката Козле предложен е Тахир Тахири, додека за Здравствен дом Скопје, Вулнет Селими.