Алијанса: Одлуката на Стразбур создава паника во криминализираните структури

Одлуката на Судот во Стразбур, со која конечно се поништува аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, е голема победа за надежта за правда во нашата земја. Оваа одлука уште повеќе ја зајакнува нашата определба во битката против криминалот и неправдата, ја враќа надежта кај граѓаните и силно удира врз сите оние кои се надеваа и се обидоа да се пазарат со правдата во интерес на криминалците и корумпираните – е првата реакција на Алиjансата за Албанците.
-Граѓаните и јавноста треба да бидат подготвени и за реакцијата на структурите и поединците кои се погодени и сега се загрозени од одлуката и од нашата борба за правда. Преземањето одговорност во секторот за правда од страна на АА, без хипотеките на ВМРО, предупредувањето за спроведување на ветинг, формирањето на Бирото за конфискација на криминално стекнатиот имот и генерализација на заплената на криминалните имоти, со право создаде паника во редовите на криминализираните партии.
Во последните обиди за спас, структурите блиски до поранешниот режим на Груевски, Мијалков и нереформираната ВМРО, како и другите криминални структури блиски до нив, ќе го зголемат интензитетот на напади, клевети и манипулации. Но, и овој, како и многу други обиди, ќе пропадне и на крајот правдата ќе победи, порачуваат од Алијансата.