Алергиja


ЛЕЈЛА САБИТ

 

Кивате.

Ви солзат очи.

Се чешате.

Се осипувате.

Ве фаќа немир и не ве фаќа сон.

Не се дружите, се криете во сенка или под облека.

Пиете лекови.

Живеете во Македонија.

Не сте болни, туку сте алергични.

На сонце, на топло време, на политика, на комарци, на здодевни, напорни и тврдоглави луѓе, на злобни карактери, лоша храна, лоша услуга, високи цени, загадена природа, домашни и јавни миленици.

На улици и автопати полни со дупки, згазени кучиња и смрдливи тоалети.

На непочитување на здравствени мерки, правила и закони.

На етикетирање, на мајтапење, сеир и злобни озборувања.

На немоќ, надмоќ, малограѓанштина, завист и љубомора.

На ѓубре од устите, на улиците, пред домовите и пред фирмите.

На еколошка, духовна и орална нечистотија.

Ако не помогне терапија, бидете под режим.

Само така ќе се излечите во Македонија.

Алергии, и с#е можно!