Алексеј Навални номиниран за наградата „Сахаров“ на Европскиот Парламент
Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, е предложен од Европската народна партија за престижната европска награда за слобода на мисла.
Наградата „Сахаров“ ја доделува Европскиот Парламент секоја година на лица или организации кои ја бранат демократијата, слободата на изразување и човековите права ширум светот.
Алексеј Навални, најпознатиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, оваа година е предложен од демохристијанската Европска народна партија (ЕПП). Социјалдемократите и Зелените ја номинираа постхумно Мариел Франко, бразилска активистка за човекови права која беше брутално убиена минатата година.
Клауделис Силва де Сантош, бразилска активистка за животна средина заедно со шефот на народот „Кајапо“, кој живее во срцето на амазонска шума, Шеф Рајони се номинирани од Социјалдемократите и радикалната левица.
Зелените го номинираа и бразилскиот активист и новинар, Жан де Матош Сантош, кој беше првиот отворено геј парламентарец во Бразил, и кој сега живее во егзил поради заканите по неговиот живот во Бразил.
Либералите го номинираа Илхан Тоти, член на малцинската група Ујгури во Кина, осуден на доживотен затвор поради обвинение за сепаратизам.
Конечно, конзервативците од групата Европски конзервативци и реформисти номинираа група на млади луѓе од Кенија за нивната борба против женското генитално сакатење.
Победникот ќе биде прогласен на 23 октомври.