Александар Рашковиќ, независен кандидат: Модернизација на зелениот пазар-нова градска гордост

Зелениот пазар ќе добие нов, модерен лик — четирикатна зграда со современ дизајн, која ќе го задржи духот на традицијата, но ќе понуди чист, функционален и урбан пазарен простор достоен за европска престолнина, најавува Александар Рашковиќ, кандидат за градоначаник и носител на листа за град Скопје.
Новиот комплекс предвидува:
Подземна гаража со капацитет за над 150 возила.
Приземје – простор за локални производители, цветари и органска храна.
Прв кат – пазарна зона со зеленчук и овошје, со природна вентилација, стаклен покрив и широки патеки за купувачите.
Втор кат – дел за млечни производи, месо, риба и пекарски производи, со високи хигиенски стандарди и ладилни системи.
Трет кат – модерно кафе и ресторан со панорамски поглед кон градот, место за одмор и дружење.
Четврти кат – зелена тераса со дрвја, урбана градина и соларни панели.
Со овој проект, Зелениот пазар ќе стане најмодерниот урбан пазар во регионот – каде традицијата на скопските продавачи ќе живее во ново, достоинствено и инспиративно опкружување.