Александар Ивановски ги демантира наводите за резиденцијата на албанскиот амбасадор. Имотот бил во негова сопственост


Фото: Б. Грданоски

 

Адвокатот Дарко Ал Блана ги демантира наводите што беа вчера објавени во македонските медиуми, како и во „Независен“, дека неговиот клиент Александар Ивановски направил измама со плацот каде што е резиденцијата на италијанскиот амбасадор.

Италијанската амбасада дошла до фалсификуваниот документ и на петти декември годинава го известила МНР. Документот имал и печат од амбасадата. На шести декември со назнака „Многу итно“, од МНР за случајот испратиле известување до МВР, до Министерството за правда, како и до Нотарската комора. Ваквата информација прв ја објави „Нетпрес“.

Во реакцијата на адвокатот се наведува дека плацот на Водно каде што е резиденцијата бил во сопственост на Александар Ивановски и како пропратен документ е доставен и имотен лист.

Во демантот се наведува дека во ниту еден законски пропис „не е предивдено дека Александар Ивановски како сопственик на недвижниот имот при склучување на преддоговор за купопродажба на недвижен имот има обврска да побара било каква согласност за склучување преддоговор со закупецот“.

Адвокатот Ал Блана додава и дека на неговиот клиент Александар Ивановски не му е познат документот кој италијанската амбасада го доставила до МНР, ниту пак таков документ бил употребен од негова страна во било каква постапка за продажба на недвижен имот.