Албанија лансираше два сателита во вселената (видео)


Албанскиот премиер Еди Рама вчера објави дека сателитите Албанија 1 и Албанија 2 се лансирани во вселената од базата Кејп Канаверал на Флорида.

Рама на Фејсбук сподели видео на кое се гледа моментот на лансирањето.

„Речено, сторено. Лансирана е ракетата Falcon 9, носејќи ги нашите два сателити Албанија 1 и Албанија 2 во вселената“, напиша Рама.

Рама истакна дека Албанија сега има повеќе можности да ја контролира и заштити својата територија.

„Албанија од денеска има повеќе високотехнолошки способности за контрола и заштита на територијата, обезбедувајќи во реално време важни податоци за голем број клучни аспекти за одржлив развој“, рече албанскиот премиер, пренесува Косово онлајн.