Албанец побарал да оди во затвор – животот со сопругата му е пекол


Триесетгодишен Албанец се пријавил во полициска станица за да го сместат во затвор, затоа што животот, како што вели, во семејната куќа со сопругата и нејзиното семејство, му е неиздржлив, објавија карабинерите.

Тој живеел во место во близина на Рим, Италија, а вели „не може повеќе да го издржи присилниот живот со својата сопруга“, објавија карабинерите од соседниот град Тиволи.

„Во очај одлучил да побегне и да се пријави кај карабинерите. Сакал да побегне од сопругата и да слжи казна затвор“, додаваат.

Инаку, тој е осуден на куќен притвор веќе неколку месеци, поради злосторства поврзани со дрога и таквата казна треба да ја служи неколку години, вели капетанот Франческо Џакомо Феранте од Тиволи.

Меѓутоа, капетанот додаде дека „животот мус танал пекол“ и „не може повеќе да издржи да биде во семејната куќа“, па „сака да оди во затвор“.

Кога се пријавил кај карабинерите, мажот е уапсен поради кршење на куќниот притвор, па правосудните власти наредија да го сместат во затвор.