Актуелно предупредување: Македонија во портокалова фаза до крајот на неделата


Денес и во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C и до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури, предупреди УХМР.
 
Граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од топлото време. Да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се пијат многу теќности, да се јаде лесна храна и да се носи лесна и светла облека.