Активни четири пожари, гори кај Василево, Нивичиново, Македонски Брод …

Активни се четири од вкупно 25 пожари на отворен простор заклучно со 19:30 часот. Три пожари се под контрола, а 18 се изгаснати, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Василево, с.Нивичино, каде гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод, во с.Грешница, со зафатена мешана шума и ниска вегетација, како и помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа, каде гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, и во Прилеп помеѓу селата Царевиќ и Смолани, мешана шума и ниска вегетација.
Под контрола се шумскиот пожар во Желино, како и пожарите во тетовско Фалише (ниска вегетација) и во Велес кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума).