Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје

Активисти за студентски права од Западен Балкан ќе учествуваат на второто издание на Студентскиот форум, што ќе биде одржан денеска во просториите на cowork21.
Настанот го организира Форумот за образовни промени.
Во фокусот на форумот ќе бидат предизвиците со кои се соочуваат студентите од целиот регион. Меѓу другото, се очекува претседателот на Националното студентско тело Александар Николовски да ја презентира работата реализирана за време на неговиот едногодишен мандат.