Актерот Горан Стојаноски, нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид
Горан Стојаноски, познат по своите улоги како инспектор Томе, Џемо Биљбиљ и други, со решение на министерот за културa е назначен за нов директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид.
Стојаноски е роден на 2.9.1969 година во Охрид. Тој е дипломиран актер, завршил високо образование на Факултетот за драмски уметности во Скопје и зад себе има 15 години активна работа во полето на културата во Македонија и надвор. Бил уметнички директор и директор на НУЦК „Григор Прличев” – Охрид.
Постојано активен на театарската сцена, глуми во многу претстави и е главен и претпознатлив актер во многу емисии.
Негов приоритет е организациски културен менаџмент, промоција на театарот, Охрид и Македонија.