Актерката Јелена Јованова роди втор син во Загреб


Македонската актерка Јелена Јованова- Периќ и нејзиниот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ, повторно станаа родители.

Познатата двојка го доби синот Јаков во јуни 2020 година, а сега нивното семејство се прошири со уште едно синче.

 

Фото: Инстаграм/Јелена Јованова

Актерката, која на македонската јавност ѝ е најпозната по телевизиските серии што ги реализираа македонските продукции: „Преспав“,„На терапија“, „Инсајдер“,  ја потврди веста на социјалните мрежи, споделувајќи честитка од нејзината пријателка на социјалните мрежи.

„Убаво момче, добредојде!“, гласи честитката.

Фото: Инстаграм/Јелена Јованова

Јелена Јованова и Стјепан Периќ се запознаа за време на снимањето на серијата „Тајни“ (2013), која доживеа голем успех во Хрватска, но и во целиот регион. Стапија во брак во ноември 2015 година, а свадбената прослава ја направија во Загреб.

Јованова, на која пред преселбата во Хрватска, матичен театар и беше МНТ во Скопје, трасираше успешна регионална кариера. Родена во Босна и Херцеговина, израсната во Македонија,сега живее и работи во Хрватска. Лани, во Македонија беше актуелна со комедијата „Нешто слатко“ со Сашко Коцев, кој се прикажуваше и во Синеплекс.