Ако сте ученик во основно или средно – учествувајте во Меѓународниот стрип конкурс

Сите ученици од Србија, Албанија и Северна Македонија имаат можност да се пријават на меѓународен тематски стрип конкурс насловен: „Се што велиме е ДАДЕТЕ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕ!“
Организатор на овој повик е Клубот на ликовни уметници “Рашка школа цртања“ од Рашка , Србија , во партнерство со Creative City Center – The Multifunctional Social Cultural Center од Албанија и соработници од Северна Македонија и Србија.
Повикот е врз основ на грант од страна на Младински фонд за култура на Западен Балкан (WBYCF)

ПРОПОЗИЦИИ
-Право на учество имаат сите ученици од :, Србија, Албанија и Република Северна Македонија (од основно и средно образование)
-Темата на конкурсот е :ПОМИРУВАЊЕ .Поконкретно, тука спага : излегување од заробеноста во минатото;конструктивно справување со минатото и спротивставување на говорот на омраза ; барање на она што ги спојува а не она што ги разликува балканските народи; почитување на жртвите без оглед на етничката припадност; зачувување на сеќавањата на настраданите и тн. ;
-Должината на стрипот да биде до 2 табли и најмалку 5 сликички и тоа на А4 формат, (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат).
..Секој автор (билo цртач, туш ,колор) може да учествува со само еден стрип; Исклучок има за сценаристите каде се дозволува да едно лице направи сценарио за повеќе стрипови.
-На еден стрип можат да работат повеке автори .Многу е битно на почетокот на стрипот да биде наведен насловот ,а авторите.задолжително да бидат наведени(под насловот или на завршетокот на стрип)
-Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме , дата на раѓање адреса, ,е маил како и година кога е стрипот нацртан.Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди.
-Стриповите може да се на службените јазици на земјите учеснички ,како и на англиски. Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од посебна интернационална комисија којашто ќе направи избор и ќе ги предложи награди
: · 1,2,и 3 место за најдобар стрип во целина, (посебно за категорија основци и посебно категорија средношколци )
· награди за најдобар цртеж,
· · награди за најдобро сценарио- порака,
награда за најмасовно училиште.
Најдобрите стрипови ќе бидат изложени на посебна изложба во месец јули во Рашка, Србија како и посебен каталог.
Сите учесници, училишта како и нивните ментори ќе бида споменати во каталогот. Сите наградени ќе добијат дипломи,како и комплет изданија од страна на КЛУ“РАШКА ШКОЛА ЦРТАЊА“.
Сите учесници ке добијат сертификати за учество.
Рок на испракање на стриповите е 31.05.2025.
Стриповите ќе се испратат на -маил: [email protected] со назнака ЗА СТРИП КОНКУРС –ПОМИРУВАЊЕ .За повеке информации јавете се гореспоменатиот емаил.
Општа цел на проектот е ; Развивање на свеста за меѓусебно помирување во регионот на Западен Балкан
Нашиот предлог-проект конкретно цели кон :
а) Организирање на креативна кампања на теми за меѓусебно помирување и разбирање, користејќи ја креативната алатка СТРИП
б) Организирање на форма на повеќедневна комуникација на млади луѓе од различни делови на WB6 -преку учество на меѓународна стрип колонија во Рашка-Србија