Акишино официјално устоличен за престолонаследник на Јапонија
Акишино, помладиот брат на јапонскиот цар Нарухито, денеска официјално е устоличен за престолонаследник на Јапонија.
Целодневната церемонија во Царската палата требаше да се одржи во април, но беше одложена поради пандемијата со новиот коронавирус.
Според јапонскиот закон само мажите можат да го наследат тронот, поради што ќерката на Нарухито, 18-годишната принцеза Аико, нема право на тоа. Потенцијалните измени на законот не се реализираа откако сопругата на Акишино во 2006 година го роди синот Хисахито.
Единствена опција е да им се дозволи на жените, вклучително и на Аико и нејзината постара сестра Хисахита, да го задржат својот империјален статус по мажењето и да го наследат или предадат тронот на нивните деца.
Акишино (54) е еден од тројцата престолонаследници заедно со Хисахито (14) и принцот Хитачи (84), помладиот брат на Ајихито, кој абдицира минатата година.