Акција за стерилизирање домашни миленици за тие кои немаат сретства да го платат тоа
Повеќе здруженија за заштита на животни во Македонија покренаа иницијатива за собирање средства за кастрации и стерилизации на домашни миленици чии сопственици немаат средства да го извршат тој зафат. Акцијата ги опфаќа градовите каде што граѓаните и ветеринарните амбуланти искажале интерес да се вклучат и засега има голем интерес и од двете страни.
Акцијата е значајна бидејќи неконтролираното размножување на домашните миленици е еден од најголемите причинители на бездомната популација на животни. Со години здруженијата спасуваат цели легла од улиците што се потенцијално напуштени од страна на сопственици на домашен миленик бидејќи не биле планирани, бидејќи се преголем трошок или не успеале да ги вдомат.
Целта е исто така да се покренеме свеста и да им се покаже на граѓаните дека стерилизацијата носи големи придобивки за здравјето на миленикот, го намалува ризикот од тумори на репродуктивните органи и спречува миленикот да бега и лута.
И крајно, помага во намалување на бројката на бездомни животни.
Доколку сакате да им помогнете на активистите да ја постигнат нивната цел можете повеќе да се информирате околу акцијата на следниот линк: https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/photos/a.167365506653029/4261656167223922/