Акција за собирање кабаст отпад во Општина Аеродром
Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“ организираат акција за собирање кабаст отпад на територијата на Општина Аеродром. Контејнери ќе бидат поставени на четири локации од 18 мај (вторник) до 22 мај (сабота).
Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема на следниве локации:
- Јане Сандански (АСНОМ 68)
- Стар Аеродром:
– „Коста Новаковиќ“ 48
– „В. Комаров“ 29
- Ново Лисиче:
– „В.Смилевски – Бато“ 19
– АСНОМ 5 – кај „Рамстор“