Акција на ЈП „Комунална хигиена Скопје“ за генерално чистење на кејот на Вардар


Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска спроведуваат акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар, како дел од активностите за одбележување на Светскиот ден на животната средина.

Во реализирањето на активностите се ангажирани 40 работници на терен, додека од  механизацијата се употребуваат три автоцистерни, три специјални комунални возила-метларки, две специјални комунални возила-патарки и едно специјално комунално возило-трактор.

-Акцијата за генерално чистење ќе започне на полигонот за обука на возачи под Скопското кале и ќе продолжи на кејот на реката Вардар. Активностите ги спроведуваме во координација со Градот Скопје и останатите јавни претпријатија, со цел овој простор да прерасне во уште поатрактивна локација за рекреација на жителите на нашиот град, изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.