Академијата за роботика и иновации го нуди она што не може формалното образование


Академијата за роботика и иновации е составна од млади професионалци кои имаат за цел да го претстават концептот на иновациите во едукативниот процес, да го поттикнат развојниот процес на талентите кои ги поседуваат децата и младите, да ја поттикнат креативноста која во детството е еден свет, а во текот на животот овозможува снаоѓање на секое поле и креативно пристапување кон решавање на проблеми и предизвици со кои секојдневно се среќаваме.

Преку голем број на тренинг курсеви од сферата на роботиката и програмирањето и лего едукативните програми пробуваме да им го понудиме на децата она коешто не го добиваат преку формалното образование, барем не засега.

За целите кои се набројани на почетокот на овој текст, од оваа година Академијата е и дел од ЕРАСМУС+ програмата.

Преку партнерство со училишта од Финска, Италија, Малта, Грција и Романија, нашата Академија ќе ја покаже својата експертиза и преку неформалната едукација ќе придонесе за развојот на иновативно мислење, критичко решавање проблеми и вештини на 21 век кај повеќе ученици од Европските земји.

Проектот на кој ќе работиме здружено со нашите партнери ќе се реализира во текот на две години, а првиот состанок веќе се одржа кај нас. Името е “Одржливи Алтернативи Потребни за Иднината” (Sustainable Alternatives Future Essentials) и како што кажува и самото име целта е преку проектните активности да се обезбеди едукација за одржливи модели на исхрана, да се промовира и да се зголеми свеста за идните навики во исхраната преку обезбедување знаења, алатки и ресурси кои им помагаат на луѓето, да се истакне влијанието на навиките во исхраната врз животната средина и здравјето и да се користат дигитални алатки за поддршка на промената на однесувањето кон одржливи диети, како што е апликација со одржливи рецепти, што претставува и една од главните задача на нашата Академија.

Резулттите кои ги очекуваме на крајот со промовирање на одржливи системи за храна преку работилници, изложби, работни книги и кампањи се одржлива иднина што води до помалку глад, помалку фрлање храна и почиста животна средина.

Очекуваме и зголемена свест за придобивките од одржливите диети, вклучително и намалувањето на влијанието врз животната средина од производството на храна, поддршка на локалните земјоделци и подобрување на здравствените резултати. Тоа ќе види промена во однесувањето во ставовите за хранење преку рецепти во апликацијата која ќе ја подготви нашата Академија.

Активностите континуирано се одвиваат, а првиот состанок се одржа во нашата земја, на почетокот на н оември. Преку тренинг активности да се запознаат со основите на програмата за програмирање СКРЕЧ, специјално дизајниран СТЕМ курикулум и ЛЕГО сетови, РОБОТИКА и програмирање, како и работилница за одржливо готвење, овозможивме на 13 наставници од сите земји учеснички да ги усовршат своите компетенции и вештини, а воедно и да научат повеќе за македонската храна и традиција.