Ахмети стана почесен доктор на науки


Али Ахмети стана почесен доктор на науки откако Тетовскиот Универзитет денеска му врачи ваква титула, како човек кој учествувал во развојот на оваа установа. Лидерот на ДУИ бил заслужен за унапредување на правата на Албанците, за вработување на над 20 илјади Албанци во администрацијата, официјализирање на албанскиот јазик и знамето во Македонија. На свеченоста Ахмети рече дека и понатаму ќе се залага за образованието на Албанците. 

,,Денешниот чин не му прави чест на Али Ахмети, всушност му прави чест на Универзитетот на Тетово и на целата Албанската нација. Затоа што, како што вели и Ниче, „почитувањето на големите личности, ја возвишува нацијата”, оцени на свеченоста вицепремиерот Артан Груби.

Универзитетот во Тетово не е на Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ – порачаа младите од Алијанса за Албанците и Алтернатива кои протестираа за одлуката нрекувајќи ја срамна и политизирана.

,,Од денеска, срамот има и свое име: доктор на науки Honoris causa. Универзитетот кој се издигна над крвта и потта на Албанците, не само во нашата земја, за жал падна во немилосрдните канџи на партизацијата на ДУИ.