Ахмети не знае колку се збогатил


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното интервју на ТВ 21 рече дека барал и од СЈО и од ОЈО да отворат предмети за него и за ДУИ, но тие едноставно не отворале. Ги повика и медиумите да ги истражуваат функционерите на неговата партија.

-Кај мене не е пријавен ниту еден случај на корупција во кој е вмешан член или функционер на партијата. Јас побарав во Специјалното обвинителство, верувајте, ова е од срце, побарав во Јавното обвинителство, господа, отворете истраги за ДУИ, за функционерите на ДУИ, од централно ниво до локално ниво, почнете од мене. Не сум побарал да се почне од другите, почнете од мене, тврдеше Ахмети.

Според него од 2002 година има имот, богатство што му го оставил татко му. Околу темата колку е тој богат и колку милионери има во партијата која ја води, Ахмети дополни:

„ Колку милионери има, нека пријават. Ова го велам со голема искреност. Против лошото не може да се бориме вака.  Зашто ние бараме ветинг! Ние бараме да има ветинг во судови, обвинителство, полиција и за сите политичари. Сите да се вклучат во ветинг. Дај да се солидаризираме“, рече Ахмети  на ТВ21.

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле. Дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, дополни  Ахмети.