Ахмети: Нашиот народ „не јаде трева“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ целиот процес го девалвираа


Иако беа собрани за да го изберат претседателот на огранокот на ДУИ за Сарај, лидерот на ДУИ во својот говор зборуваше и за „бомбите“ кои ги објавува Ел Чека.

„Мене ми е жал за прислушкуваните разговори што се објавуваат за ДУИ. Јас не ги слушам тие разговор. Но, како не се случи да се објават приватни разговори за членови на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку само за членови на ДУИ? Каде се другите разговори? Зошто се објавуваат приватни разговори само од членови на ДУИ? Мислам дека нашиот народ „не јаде трева“! Што направија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Целиот процес го девалвираа. Дури и синоќешниот настан. И, ние со време ги опоменавме дека не сакаме селективна правда. Ние сакаме ВЕТИНГ, правдата да важи за сите исто“, рече Ахмети.