Ахмети: Направете ветинг, уморни сме од обвинувањата за грабеж!
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со жителите на Ѓермо, Џепчиште, Порој и Дреновец ги повика Македонците да престанат со обвинувањата дека Албанците им ја зеле државата.
-Не, не ја земавме затоа што оваа држава е и наша… Многу сум сигурен дека ќе изградиме проевропски фронт, ќе видиме каква услуга можеме да им пружиме на луѓето и ќе им овозможиме да живеат овде во својата земја. Затоа, мора да бидеме отворени, да работиме без трикови и да имаме главна мисија да го изградиме овој фронт. Се прават многу проекти, но можам да го споменам Коридорот 8 како стратешка економска точка и послободно движење. Велам, да се направи ветингот бидејќи сме уморни од обвинувања за грабеж, потребна е одговорност и транспарентност, изјави Ахмети.