Ахмети: Ако имаме можност, пак ќе се бориме за слободата


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им честиташе на косовските лидери што достоинствено одговориле на “повикот на правдата“ на Хаг и им посака брзо враќање на функциите откако ќе посведочат за „вистинските слободарски цели“ на војната што ја водеа како ОВК.

-Војната на Ослободителната војска на Косово беше вистинска војна на албанската нација за слобода и самоопределување, но исто така и за правда и владеење на правото, демократско општество ориентиранo кон евро-американските вредности.
Убеден сум дека моите пријатели, мои колеги соборци, ќе посведочат за вистинската војна на Ослободителната војска на Косово и ќе се вратат како победници, истовремено целосно почитувајќи го владеењето на правото и локалната и меѓународната правда.

И јас, и моите пријатели, ако имаме живот, можност и посветеност да се бориме за слобода и еднаквост, ќе го сториме тоа повторно затоа што верувавме и верувавме во правото на нашата нација. Сите наши достигнувања во овие децении се постигнати  заедно со нашите меѓународни пријатели, почитувајќи ги вредностите прифатени од сите нас, и заедно ќе го завршиме патот кон слободата, независноста, правдата и интеграцијата.

Владеењето на правото и вистинската неизборна правда се цели на сите нас, па затоа им честитам на косовските лидери што одговорија на повикот на правдата на најдостоинствен начин и им посакувам брзо враќање на нивните должности што ги чекаат“, стои во пораката на Али Ахмети.

Ахмети е еден од многуте бивши функционери на ОВК кој беше повикан од судот во Хаг, како што тврдат од неговата партија, само како сведок иако практика на судот е да не најавува однапред кого ќе обвини за делото што го расветлува. И да не биде директно засегнат, индиректно како бивш висок функционер во ОВК во периодот што се истражува, тој е засегнат во голема мерка од случувањата и неговиот ореол на борец за слобода може да биде исфлекан од пресудите што може да следат во Хаг.