Агенцијата за пошти ќе одржи јавен состанок
Агенцијата за пошти денеска ќе го одржи 19-иот јавен состанок.
На дневен ред на состанокот се рекапитулација на активностите на Агенцијата за пошти во 2022 година, статистички извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за првото полугодие од 2022 година, истражување за потребите на корисниците на поштенските услуги за 2022 година и планови и идни проекти.
Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, од Агенцијата информираат дека своите јавни состаноци ги организираат со цел да им овозможат на сите заинтересирани страни да се информираат за преземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината. Исто така ќе ја презентираат и состојбата на поштенскиот пазар во земјава и ќе ја запознаат јавноста со тековните активности, плановите и програмите за делување во идниот период.