Агенцијата за одземен имот во буџетот префрлила 650 илјади евра


Од март до јули годинава во државниот буџет биле префрлени 650 илјади евра врз основа на правосилни судски одлуки, конфискација на парични средства и продажба на одземен имот, соопшти Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за управување со одеземен имот.

„Во државниот буџет се префрлени 40 милиони денари, или 650 илјади евра. Потребен е нов Закон за управуање со одземен имот за што веќе е разговарано со министерот за правда Кренар Лога. Наш најголем проблем е тоа што складиштата ни се преполни со хаварисани возила стари и по 30 години и се неупотребливи“, вели Небиу.