Агелер: Понудивме секаква помош и целосни ресурси на Амбасадата


Американската амбасадорка Анџела Агелер на социјалната мрежа Х испрати сочувство за жртвите од страшната трагедија во Кочани.

„Срцето утрово ми се кине за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство оди до жртвите и нивните најблиски во ова страшно време, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија. Му понудив секаква помош и целосни ресурси на Амбасадата на САД на премиерот, како и нашите молитви за сите оние кои страдаат денес“, вели Агелер.