Аеродромци и денеска навиваат во паркот„Нирнберг“


Општина Аеродром и денеска организира пренос за групно следење на фудбалскиот натпревар меѓу нашите репрезентативци против Украина, кој ќе се одигра во 15 часот во Букурешт, во рамките на Европското првенство.

Натпреварот ќе биде пренесуван на голем екран, кој е поставен во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче, а еден час пред почетокот ќе стартува програма за загревање и дружење под мотото „Аеродромци навиваат за вас!“

Инаку, пренос се организира секоја вечер од сите натпревари, односно сè додека трае учеството на нашата репрезентација. Општина Аеродром овој настан го организира во согласност со сите протоколи и се молат присутните да ги почитуваат пропишаните мерки.