Аеродром со повеќе од 1.000 заразени е на врвот од скопските општини


Фото: Б. Грданоски

 

Со денешните 569 новозаразени во Скопје, неколку општини имаат всок број активно заболени од Ковид-19, но Аеродром продолжува да биде скопска општина со најмногу болни.

Имено, во Аеродром има 1.021 активен случај со Ковид-19. Следуваат Карпош со 892, па Центар со 848, а Гази Баба има 847.

Кисела Вода и Ѓорче Петров имаат по 780, односно 527 заболени.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 378
• Гази Баба – 847
• Аеродром -1021
• Карпош – 892
• Центар – 848
• Кисела Вода – 780
• Ѓорче Петров – 527
• Бутел – 350
• Шуто Оризари – 88
• Студеничани – 31
• Сарај – 64
• Арачиново -13
• Илинден – 150
• Сопиште – 54
• Чучер Сандево – 39
• Петровец –58
• Зелениково -32
• Странец – 75
• Нераспределен-125.