Аеродром со 759 активни случаи – најмногу во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Со новите 420 заболени од Ковид-19, во главниот град има најмногу активни случаи – 4.283.

Од нив најмногу се во Аеродром – 759, а следуваат Карпош со 627, Гази Баба со 562, Центар со 561 и Кисела Вода со 557 активни случаи.

Сепак, треба да се забележи дека дури 106 случаи се нераспределени по општини.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 216
• Гази Баба – 562
• Аеродром – 759
• Карпош – 627
• Центар – 561
• Кисела Вода – 557
• Ѓорче Петров – 369
• Бутел – 205
• Шуто Оризари – 40
• Студеничани – 20
• Сарај – 32
• Арачиново -9
• Илинден – 85
• Сопиште – 37
• Чучер Сандево – 23
• Петровец –28
• Зелениково -14
• Странец – 33
• Нераспределен- 106.