Аеродром редовно ја чисти станицата за кабаст отпад


Општина Аеродром, согласно со своите капацитети и можности, редовно ја одржува станицата за собирање кабаст отпад. Чистењето на оваа станица се одвива според определен распоред и динамика.
 
Комуналните служби на општината постојано се на терен и согласно со процените, го чистат просторот.
 
„Општинската администрација вложува максимални напори да ја одржува хигиената во општината на европско ниво. Токму поради тоа, ја отворивме и првата станица за кабаст отпад со цел граѓаните да го фрлаат отпадот на означена локација. Во наредниот период, како општина, планираме да отвориме и други вакви простори со што ќе ја опфатиме целата територија на Општина Аеродром“, изјави Александар Ѓоргиевски, раководител на Секторот за работи на градоначалникот.
 
Имено, откако е поставена станицата, во последните два месеца комуналните служби подигнаа повеќе од 100 кубици кабаст отпад оставен само од жителите околу поранешната слаткарница „Стела“.
 
Според нашата европска определба, ќе продолжиме со чистење и одржување на првата станица за собирање кабаст отпад, велат од Општината.