Адвокатот Павлески се откажа од Јанева, ќе ги брани обвинетите од СЈО


Фото; Б. Грданоски

Адвокатот Стеван Павлески и го откажа полномошното на Катица Јанева, која ја застапуваше во случајот „Рекет“.
Поради конфликт на интереси, тој мораше да се одлучи дали ќе ја застапува специјалната јавна обвинителка или обвинетите од СЈО. Павлески е адвокат и на бизнисменот Цветан Панделевски во предметот на СЈО наречен „Империја“ и на Љупчо Георгиевски во „Траекторија“.
Адвокатот Павлески ја придружуваше Јанева кога таа даваше исказ пред обвинителката Вилма Рускоска. Откако ѝ беше определен притвор на Јанева, Рускоска бараше тој да се изземе или од одбраната на предметите што ги застапува на СЈО или од Јанева. Павлески се определи да ги брани обвинетите во предметите на СЈО.
За време на апсењето на Јанева, Павлевски тврдеше дека таа е жртва и дека тоа ќе го докажат.