Адебајо постигна 83 поени против Вашингтон и постави рекорд на 21 век
Кошаркарот на Мајами хит, Бам Адебајо, ноќеска постигна 83 поени во победата од 150:129 над Вашингтон во регуларната сезона на НБА.
Дваесет и осумгодишниот Американец го сруши рекордот на Коби Брајант во 21 век. Поранешниот играч на Лејкерси постигна 81 поен во 2006 година.
Воедно, 83-те поени на Адебајо се втор највисок вкупен број во историјата на НБА. Само Вилт Чемберлен постигнал повеќе – 100 поени со Филаделфија Вориорс во 1962 година.
Адебајо погоди 20 од 43 шутеви од поле, вклучувајќи 7 од 22 тројки. Тој погоди 36 слободни фрлања, што е нов рекорд во лигата.
Мајами хит со биланс 37 победи и 29 порази се наоѓа на 6.место во Источната конференција на НБА-лигата.