Aлиспагиќ: Шест години се малку за убиец како Илиќ
По објавувањето на пресудата, адвокатот Асмир Алиспагиќ, во име на осудените за насилство изјави дека ќе ја обжали пресудата на Судот. Тој вели дека има сериозни пропусти во судската постапка.
„Судијката се дрзна да ги осуди таткото, чичкото и братучедот на Алмир Алиу. Ова е уште еден предмет во низата монтирани случаи од страна на Јавното обвинителство-Куманово и денешното изрекување на пресудата. Жалам за ова што го констатирам, јас како правник ќе се борам да докажам дека е така“, рече адвокатот, Асмир Алиспагиќ.