Ќе биде хаос во Пентагон – Трамп повторно смени високи функционери


 

Претседателот на САД Доналд Трамп по министерот за одбрана смени уште четворица високи функционери во истото министерство.

Место нив постави свои луѓе, односно оние кои му се лојални, пренесе Си-ен-ен.

Трамп во понеделникот прво го смени Марк Еспер, министер за одбрана, а на негово место го постави досегашниот директор на Националниот центар за борба против тероризам Кристофер Милер.

Си-ен-ен додава дека некои функционери се сменети, а некои сами дале оставка, па освен Есперо, заминале и неговиот шеф на кабиент и високи функционери од разузнавачката служба.

Вршителот на должноста шеф на оделот за одбранбена политика на Пентагон, Џејмс Андерсон синоќа поднесе оставка и веќе е заменет со контроверзниот пензиониран американски генерал Ентони Тата, познат по своите исламофобични коментари и по тоа што поранешниот претседател  на САД, Барак Обама, го нарече „терористички лидер“, наведуваат американските медиуми.

Еден од високите функционери за оваа медиумска куќа вели дека засега е готово „со сечата на глави“.

Но, во текстот се додава дека овие смени само ќе предизвикаат хаос во Пентагон, посебно смената на Еспер.