Од 1 декември почнува пријавувањето за „Украсуваме по скопски“, ќе се избираат најубаво украсените домови и објекти
Иницијативата има цел да ја поттикне празничната атмосфера во градот и да ги мотивира граѓаните, заедниците и сопствениците на објекти да придонесат во новогодишното украсување.
Граѓаните ќе можат да ги пријават своите украсени домови и објекти, а најуспешните ќе бидат избрани во рамки на конкурсот.
Со оваа иницијатива, празничното украсување не останува само на градските улици и плоштади, туку се пренесува и во домовите, дворовите и локалните простори, создавајќи празничен амбиент низ Скопје.