Општина Бутел додели 349 спортски стипендии, поддршка добија сите што аплицирале
Општина Бутел додели 349 спортски стипендии, при што финансиска поддршка добија сите спортисти кои аплицирале на јавниот повик.
Од Општината информираат дека со доделувањето на стипендиите ја потврдуваат поддршката за спортот, вложувањето во младите таленти и вреднувањето на спортските успеси.
„Со конкретни дела покажуваме како се сака спортот, како се вреднува успехот и како се создаваат идни шампиони“, објавија од Општина Бутел.
Локалната самоуправа најави дека ќе продолжи со поддршката на спортистите и развојот на спортот.