Од кујна на автомобилистичка патека: Гордон Ремзи водител на „Топ гир“
Познатиот готвач и ТВ-водител Гордон Ремзи ќе биде домаќин на обновената автомобилска серија на „Би-би-си“ (BBC) – „Топ гир (Top Gear). Како што објави вчера британскиот јавен сервис, емисијата ќе се снима во 2027., со нова екипа, во која Ремзи ќе биде водител, заедно со тест-возачот познат како „Стиг“ (The Stig), а шоуто треба да се врати на малите екрани во 2028 година.
„Топ гир“ – една од најуспешните емисии на „Би-би-си“ на сите времиња беше прекината во 2022 година по несреќа за време на снимањето, во којашто учествуваше тогашниот водител Ендру „Фреди“ Флинтоф. Во својот својствен формат почна да се емитува во 2002 година, по што стана глобален хит со ангажманот на поранешните водители Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј.
Ремзи трипати се појавил во емисијата како гостин; тој поседува тркачка лиценца и учествувал на разни настани во мотоспортот. Од „Би-би-си“ сè уште немаат објавено кои други водители ќе му се придружат на Ремзи.
Тој изјави дека неговата цел е да внесе „нова енергија и желба да се создаде нешто навистина возбудливо за новата генерација гледачи“. Ремзи се прослави како телевизиска ѕвезда преку неговите готварски емисии.