Бранимир Јовановиќ е во групата „економисти кои што треба да се следат“ во 2027 година
Познатиот економист и аналитичар, Бранимир Јовановиќ, е вклучен во група од 12 економисти од Источна Европа кои меѓународната аналитичка платформа „FocusEconomics“ ги издвои како експерти што вреди да се следат во 2027 година.
Оваа информација ја сподели Виенскиот институт за меѓународни економски студии (wiiw), каде што Јовановиќ работи како економист и специјалист за Србија и Македонија. Покрај Јовановиќ, во оваа групе се најде и неговиот колега Василиј Астров.
„Нè радува што двајца од нашите економисти, Бранимир Јовановиќ и Василиј Астров , се наоѓаат меѓу 12-те економисти кои „Focus Economics“ ги избра да ги следи во Источна Европа во 2027 година.
Бранимир е наш специјалист за Србија и Северна Македонија, а Василиј е наш експерт за Русија.
Честитки до двајцата, Бранимир и Василиј!“, се вели на официјалната фејсбук страница на Виенскиот институт.
Бранимир е наш специјалист за Србија и Северна Македонија, а Василиј е наш експерт за Русија.
Честитки до двајцата, Бранимир и Василиј!“, се вели на официјалната фејсбук страница на Виенскиот институт.

За Бранимир Јовановиќ, на интернет страницата на „FocusEconomics“ се вели дека го следи регионот на Западен Балкан за Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW), а оваа година доби четири награди „FocusEconomics Forecaster Awards“, пласирајќи се меѓу тројцата најпрецизни прогнозери на растот на БДП во Србија. Неодамна, Јовановиќ објави текстови кои предизвикаа голем интерес, посветени на изборите во Србија, за кои тој смета дека „веројатно ќе имаат далекусежни последици, не само за Србија, туку и за целиот регион“.
Пред да се приклучи на Виенскиот институт, Јовановиќ работеше како истражувач во Народната банка на Македонија од 2007 до 2015 година, а од 2017 до 2019 година беше советник на министерот за финансии.

Инаку, вкупната листа на екперти кои што треба да се следат во 2027 година на „FocusEconomics“ опфаќа 132 врвни економисти.
„Сакате да знаете во која насока се движи економијата? Почнете од луѓето кои ја предвидуваат. Економистите наведени подолу работат во 58 од водечките светски банки, консултантски куќи и истражувачки фирми. Тие даваат клучен придонес за нашите „Консензус-прогнози“ (Consensus Forecast), а оваа година освоија повеќе од 350 награди од FocusEconomics за точноста на своите предвидувања, од кои 120 се први места“, се вели во прилогот на листата. Целосниот избор е достапен на следниот ЛИНК.