Стихозбирката „Метаверзум“ на Ристо Лазаров во превод на српски обајвена во Белград
Стихозбирката „Метаверзум“ на Ристо Лазаров во превод на српски јазик ја објави издавачка куќа „Архипелаг“ од Белград.
Во поговорот кон ова издание Лидија Капушевска-Дракулевска подвлекува дека „Метаверзум“ е книга во која стварноста станува уште посурова, болката длабоко егзистенцијална, а стихот – рефлексија на хаосот на животот надвор и внатре.
-Не случајно, на времето Георги Старделов ја доведе поетиката на Лазаров во корелација со сфаќањето на Адорно за поетската дарба како сублимиран бол и бес – заклучува Капушевска-Дракулевска.
Оваа е шеста книга на Лазаров објавена од издавачката куќа „Архипелаг“, а уште три книги се објавени во белградска „Просвета“, „Агора“ од Зрењанин и „Повеља“ од Краљево.